
-Ве повикуваме уште еднаш да го погледнете преводот на изјавата, цениме дека е направена грешка во преводот, намерна или не намерна од службите, вели пратеникот Драган Ковачки и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на прашање за изјавата на германскиот канцелар Олаф Шолц која беше: „гарантирам дека нема да има нови условувања за пристапните преговори на државата“.
Ова денеска на прес-конференција го истакна Ковачки.
-Изјавата на канцеларот Шолц е дека не треба да има нови условувања, што секако е и наш партиски став, меѓутоа тоа не се гаранции дека нема да има нови условувања. Но, исто така, искуството покажува дека дури и да има таква изјава, потсетуваме дека беа безбројни изјавите, тапшањата по рамо и по договорот од Нивици, после што Македонија не доби ништо и се уште е во чекалницата на Европската унија, заклучи Ковачки.