
Во петокот на територијата на Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. УВ индексот ќе има вредност 8.
Утринските температури се движат од 8 до 16, додека максималните дневни ќе соодветно ќе бидат во интервалот меѓу 22 и 33 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска, исто така, ќе биде сончево со мала облачност и со слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до 31 степен.