Почина поранешниот југословенски репрезентативец Вахедин Мусемиќ

– Поранешниот југословенски репрезентативец и еден од најуспешните фудбалери на фудбалскиот клуб Сараево, Вахидин Мусемиќ, почина синоќа во сараевската болница како последица од мозочен удар на 77-годишна возраст.

Мусемиќ ја почна кариерата во Сараево на возраст од 19 години, а веќе во втората сезона постигна 16 голови и го предводеше клубот до историската прва шампионска титула во поранешна Југославија во сезоната 1966/67.

За својот матичен клуб Мусемиќ одигра 182 натпревари и постигна 84 голови.

Збогувајќи се легендарниот Мусемиќ, негови пријатели и колеги порачаа дека „заминал еден од најдобрите стрелци не само во Југославија, туку и во цела Европа“.

За југословенската репрезентација Мусемиќ одигра 17 натпревари, а кариерата предвреме ја заврши во 1977 година поради повреда додека настапуваше за француска Ница.