Фудбалскиот клуб Вардар се враќа на Градски стадион!
Од клубот ги канат сите денеска во 18:00 часот на првата прозивка и тренинг на Вардар, на Градски стадион (Северо-источен службен влез).
-По долго време се враќаме во нашиот дом, и повторно како некогаш го враќаме сјајот на најголемиот и најсаканиот македонски фудбалски бренд. Вардар е клуб на народот, така било, така ќе биде секогаш, но овојпат тоа ќе биде и формално. Отворен клуб кој ќе функционира транспарентно, и ќе биде достапен за сите свои навивачи, јавноста и се разбира народот… Повелете, клубот на народот ве очекува, велат од ФК Вардар