Холандија воведува дозволи за извоз на софистицирани машини за производство на чипови

Холандската влада објави во петокот нови прописи според коишто производителите на софистицираните машини за производство на чипови ќе мора да бараат извозни дозволи, по притисокот од САД врз сојузниците да ги ограничат таквите продажби во Кина.

Според засега неофицијалните најавви, новите прописи ќе стапат на сила од 1-ви септември, а во најавата е приложен и докоментот со попис на опремата којашто е опфатена со нив.

„Го направивме тој чекор во интерес на нашата национална безбедност“, изјави холандската министерка за трговија Лисје Шеринемахер и додаде дека опремата може да биде уппотребувана во воени цели.

Мерките ќе опфаќаат „многу ограничен“ број компании и модели на производи, истакна Шеринемахер и притоа не ја спомена изрично Кина.

Министерката Шеринемахер, исто така, рече дека очекува околу 20 барања за издавање дозволи за извоз на годишно ниво, што претставува „ограничен дел од портфељот на производите на компаниите на коишто се однесуваат прописите“.

Списокот на опремата е резултат од договор меѓу САД, Холандија и Јапонија за построги ограничувања на извозот, во контекстот на настојувањата на Вашингтон на Кина да ѝ го отежне производството на полупроводници, потсетува агенцијата Reuters.

Холандската АSML, клучниот добавувач на опрема за производство на компјутерски чипови и најголемата европска технолошка компанија, соопшти дека поради новите прописи нема да ги менува финансиските насоки. Го повторија соопштението од март во коешто истакнаа дека ќе мора да набавуваат дозволи за извоз на машини за производство на компјутерските чипови DUV.

Компанијата ASML во Кина не ги извезува најсофистицираните мачини EUV. Нејзниот извоз досега бепе условуван со набавка на дозвола според меѓународниот Весенарски договор, кој сега го усвои и Холандија.

Земјите од Европската унија генерално го користат Весенарскиот договор за да го утврдат извозот на стоки кој мора да ги ограничат од безбедносни причини, додадва Reuters.