Фински министер поднесе оставка поради изјави за нацизмот

Финскиот министер за економија Вилхелм Јуннила подесе оставвка во петокот по само десет дена на должноста поради своите изјави за нацизмот, објави неговата националистичка Партија на Финците.

„Поради опстојувањето на владата и угледот на Финска, сметам дека не е возможно и натаму да бидам министер на задоволувачкиот начин“, изјави Јуннила.

Тој е член на Партијата на Финците, дел од десничарската коалиција која ја презема власта на 20-ти јуни по долгите преговори по парламентарните избори спроведени во април.

Јуннила, инаку,на 28-ми јуни го преживеа гласањето за доверба во парламентот по иницијативата на опозцијата којашто го обвини дека повеќепати ги споменувал нацистите.

Јавната финска телевизија YLE, поточно, го снимила во текот на предизборната кампања како им честита на своите партиски колеги на нивниот кандидатски број 88. Станува збор за познат неонацистички симбол кој се користи на место поздравот „Хајл Хитлер“ кој го користеле германските нацисти и нивните соработници и истмисленици ширум Европа во Втоата светска војна.

„Како прво, честитки на извонредниот кандидатски број. Знам дека тоа е добитната карта. Очигледно, оваа 88-ка се однесува на дввете букви Х за коие нема повеќе да зборуваме“, изјавил Јуннила во орбаќањето пред приврзаниците на 10-ти март, според снимката на телевизијата.

Јунниила подоцна се извини за своите зборови, тврдејќи дека тоа била неумесна шега.