Кожата на лицето е чувствителен дел од телото на кој му е потребна грижа. Затоа, од клучно значење е да се осигурате дека кожата на вашето лице да е мазна и блескава цело време. Возраста и растечкото ниво на загаденост штетно влијаат на здравјето на вашата кожа, правејќи ја „изморена“, полна со лузни и брчки. Но, што ако ви кажеме дека има излез од тоа? Да, постои Дермапен третман, кој што помага во затегнување и подмладување на вашата кожа.
Станува збор за револуционерен третман за кожата, дерматолошки метод познат и како micro-needling, кој го забрзува производството на природен колаген и промовира заздравување без лузни.
Дермапен се користи за третман на: брчки, површински неправилности, стрии, зголемени пори, лузни од акни, вбризгување на активни коктели за мезотерапија во кожата, хиперпигментација (дамки на кожата), подмладување….
Дермапен е уред изработен од нерѓосувачки челик, кој има 12 микро игли. Самите игли се изработени од нерѓосувачки челик, а главата од пена е стерилна и за еднократна употреба.
Со ДЕРМАПЕН третманот, хијалуронска киселина, витамини, минерали и други мезотераписки коктели се вбризгуваат во длабоките слоеви на кожата. При самиот третман со Дермапен доаѓа до контролирано уништување на површината на кожата што ја третираме, што доведува до создавање на колаген и нова кожа. Се поттикнува развојот на нови капилари, се подобрува циркулацијата на крвта на кожата и се овозможува подобро снабдување со кислород и хранливи материи.
Најчесто се потребни 3-5 третмани на растојание од 2-4 недели.
Beauty&Academy, институција за козметички третмани и за едукација, каде што се изведува овој третман за подмладување, од 19 јули стартува со обуки за ДЕРМАПЕН, во кои покрај вештина се добива и гратис апарат. Обуката ќе ја изведуваат д-р Магдалена Спасевска и Јелена Кркич Панчевски.
Секогаш е добро време да инвестирате во вашето знаење, да се надградите и да научите нови третмани за лице и за тело.
View this post on Instagram
Два аспекта на Дермапен micro-needling му помагаат да се издвојува од другите слични третмани во светот на дерматологијата. Пред сè, може да допре до различни тешко заобиколливи области на лицето, како што се пукнатините околу носот, усните и очите. Второ, за разлика од повеќето други форми на третмани за кожа, тој носи минимални несакани ефекти на вашата кожа.