
Фудбалерите на Удинезе го совладаа Лацио со 1:0 на гостински терен во последниот меч од четвртото коло од Серие А.
Единствениот погодок, кој подоцна се покажа како решавачки на овој натпревар, го постигна Теро во 36-тата минута.
Со оваа победа Удинезе се искачи на третото место на табелата со 9 бодови, додека Лацио остана на 14.место со само една победа.
Серие А, 4.коло
Четврток:
Лацио – Удинезе 1:0
Среда:
Каљари – Торино 1:2
Фиорентина – Сасуоло 0:0
Интер – Аталанта 2:0
Јувентус – Чезена 3:0
Наполи – Палермо 3:3
Парма – Рома 1:2
Сампдорија – Киево 2:1
Верона – Џенова 2:2
Вторник:
Емполи – Милан 2:2
Табела: Јувентус 12, Рома 12, Удинезе 9, Интер 8, Сампдорија 8…