Речиси 500.000 евра донации се собрани на интернет за семејството на францускиот полицаец кој претходно седмицава смртно го застрела тенејџерот од алжирско потекло во париското преградие Нантер, додека истовремено донациите за мајката на убиеното момче изнесуваат 76.000 евра, според показателите од неделата утрото од двете интернет страници на кои се собираат донациите.
Во повикот за донации наречен „Поддршка за семејството на полицецот во Нантер“ на веб страницата за донации Gofundme се наведува дека за два дена се собрани 493.166 евра, додека првичната цел била 50.000 евра. Во донирањето учествувале повеќе од 24.000 лица.
Против 38-годишниот полицаец кој смртно го застрела 17-годишникот е отворени кривично дело за убиство со умисла, а тој се наоѓа во истражен притвор.
Во вторникот рано утрото во тек на редовна сообраќајна контрола во париското предградие Нантер, 17-годишникот бил застрелан смртоносно откако, според полицијата, се оглушил на наредбите на полициската партрола. На видео снимките објавени во медиумите и социјалните мрежи, се забележува како запрено возило наеднаш тргнува а полицаец пука во лицето на возачкото седиште веројатно во висина на градите. Како што пренесуваат француските медиуми.
Убиство кое покрена масовни безредија изминатите денови, а што се случува во периодот на блокади на сообраќајниците, е второто пукање коешто завршува со смртен исход во Франција во 2023 година, во однос на рекордните 13 минатата година, според еиденцијата на агенцијата Reuters втемелен на полициските и извештаите на обвинителството и документите на адвокатите.
Во бројни градови ширум Франција избувнаа безредија кои траат веќе неколку денови, главно на граѓаните со африканско потекло, а се закануваат да се прошират и на соседните Белгија и Швајцарија.
Само во безредијата во Франција ноќта кон неделата повредени се 45 полицајци и припадници на жандармеријата, запалени се 577 возила и 74 објекти, додека на јавните патишта регистриран е 871 пожар, според податоците на полицијата.
Благодарејќи на распоредување на 45.000 полицајци и илјадници пожарникари, тоа беше „помирна ноќ“ од претходната, се истакнува во твитот на француското Министерство за внатрешни работи.
Според податоците на француското Министерство за надворешни работи, досегеа се запалени 3.800 автомобили ширум земјата, меѓу кои и бројни полициски возила, а опожарени се и или демолирани и полициски и владини згради. Според Министерството за економија, пак, демолирани и ограбени се околу 250 филијали на банки, 200 продавници за прехранбени и продукти за широка потрошувачка и околиу 10 трговски центри. Беше известено и дека во јужниот град Марсеј било ограбено оружјето од тамошната полициска префктура, дека има напади врз имотни бели француски граѓани, како и дека граѓаните се самоорганизираат за заштита на своите мали дуќани од групите хулигани чија главна намера се грабежите. Досега се приведени над 3.000 лица, од кои многу се малолетници.