ЕП У-21: Шпанците со продолженија, Израелците на пенали во полуфиналето

Шпанските фудбалери до 21 година ќе играат во полуфиналето на Европското првенство за нивната возрасна група, откако во саботниот четвртфинален натпревар одигран во Букурешт ги совладаа врсниците од Швајцарија со 2:1 по продолженијата.

Стрелец на водечкиот гол за надмоќните Шпанци беше Серхио Гомез во 68. минута. Сепак, неубедливите Швајцареци не се предадоа и а сосема неочекувано израмнија во првата минута од судиското надополнување на регуларниот дел од натпреварот, а стрелец беше Зеки Амдуни. Победникот беше решен во дополнителни 30 минути, а Хуан Миранда со гол во 103. минута ги постави конечните 2:1 за Шпанија.

Шпанија во полуфиналето ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Франција и Украина, кој е закажан за в недела во 21 частот во Клуж-Напока.

Во првото четвртфинале в саботата вечерта одиграно во Тбилиси, репрезентацијата на Израел со подобро изведување на пеналите (4:3) ја совлада селекцијата на домашната Грузија. Немаше голови во основните 90 минути кои донесоа интензивен исцрпувачки фудбал со бројни шанси пред двата гола, како и во 30-те минути продолжение кога темпото очекувано опадна.

Израелците во мечот за финалето ќе се соочат со подобриот тим од мечот меѓу Англија и Португалија, кој е закажан за в недела во 18 часот во Кутаиси.