Вучиќ: Не продаваме оружје ниту на Украина, ни на Русија

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека „ниту едно парче“ оружје од Србија не може да се најде на бојното поле во Украина, ниту на двете страни.

-Ние на никој од нив не продаваме оружје, изјави Вучиќ за ТВ Прва

Тој посочи дека Србија продава муниција на Чешка, Шпанија, Америка, Турција, Азербејџан, но како што наведе, невозможно е да се знае каде ќе се појави муницијата и „тоа не можете да го изберете“.

Вучиќ истакна дека Србија нема да воведува санкции кон Русија „се додека може и додека издржи“.