СИРИЗА во септември ќе избира нов лидер, пратеникот Фамелос привремен шеф на пратеничката група

Поранешниот министер и пратеникот со долгогодишно парламентарно искуство Сократис Фамелос ќе биде привремениот шеф на пратеничката група на СИРИЗА, а во септември партијата ќе одбере нов лидер, објавија грчките медиуми.

Политичкиот секретаријат на СИРИЗА вчера одржа маратонски состанок, на кој била донесена одлука Фамелос да ја предводи партијата и пратеничката група во периодот до избор на нов лидер, особено во пресрет на тридневната расправа во Парламентот од четврток до сабота за гласање доверба на Владата.

Партиски извори за грчката новинска агенција АНА-МПА брифирале дека пратеничката група денеска ќе одржи состанок за да ја ратификува одлуката на Политичкиот секретаријат за назначување на Сократис Фамелос за привремен шеф на групата.

По оставката на Алексис Ципрас од лидерската позиција во четвртокот, започна итна процедура во СИРИЗА за избор на нов претседател, а вчера, на состанокот биле одлучени следните чекори.

Според грчките медиуми, на 15 и 16 јули ќе се состане Централниот комитет и ќе се достават кандидатурите за нов лидер, во август ќе се одржи Конгрес,