Киев известува за напредување на неговите трупи, Балицки дека Украина само во Запорожје загубила 20.000 војници

Украина во понеделникот извести дека нејзините сили повторно заземале повеќе области по должината на источниот и јужниот фронт, што претседателот Володомир Зеленски го нарече „напредок во тешката седмица“ на противофанзивата против руските сили.

Во тешките борби минатата седмица украинската војска вратила 37,4 квадратни километри територија, објави заменичката на министерот за одбрана, Хана Малјар.

Тврди дека украинските единици напредуваат во насоја а Бахмут на истокот на Украина, додека руските сили напаѓаат вво насоките на Лиман, Авдеевка и Маринка на границата на доминантно руско и рускојазичниот одметнат регион Доњецк.

„Минатата седмица Украина успеа да врати девет квадратни километри територија по должината на источниот фронт, што е резултат на подобрување на оперативно тактичката позиција и израмнување на линијата на боиштетот“, тврди Малјар.

Според неа, Украина на југот успеала да поврати 28,4 квадратни климетри територија со што вкупната површина на повторно освоената територија по должината на фронтот се зголеми на 158,5 квадратни километи.

Агенцијата Reuters наведува дека не може независно да ги потврди тврдењета и на Киев и на Москва за ситуацијата на фронтот. Руската војска потврди дека украинските сили навлегле во вкупно девет села и населени места кои се близу првата линија на фронтот кој вкупно е долг околу 1.200 километри и дека станува збор за минорна површина која нема стратешко значење за воените операции.

„Минатата седмица беше тешка на првата линија на боиштетот. Но напредуваме. Одиме напред, чекор по чекор! Им благодарам на сите кои ја бранат Украина, на сите кои ја водат оваа војна кон украинската победа!“, објави Зеленски на Telegram.

Претходно во понеделникот рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу на колегиумот на министерството објави дека минатонеделниот кус бунт на приватната паравојска „Вагнер“ не резултирало со никави поместувања на фронтот на штета на руските единици.

Истовремено, во понеделникот на Teleram Евгениј Балицки, привремениот пруруски гувернер на заземаната југоисточна област Запорожје, објави дека наводно украинската војска само на овој правец од боиштетот загубила 20.000 војници.

„Ситуацијата во правецот на Ореговски и натаму е напната, секојдневно (Украинците) ги напаѓаат нашите позиции, непријателот интензивно дејствува, но не ги штеди своите војници. Според груби процени, непријателската страна изгубила повеќе од 20.000 луѓе“, пишува Балицки.

Тврди и дека и покрај големите загуби украинските исли не оствариле никакви напредувања. Балицки наведува дека руските сили ги одвраќаат сите напади на украинските единици на нивните почетни позиции, како и дека ги пресекува обидите за дејствување на диверзантско-разузнавачките формации на украинската војска.

„Нежалејќи ги своите војници, тие (украинската војска) се обидуваат да издејствуваат барем минимална победа за да му дадат отчет на Западот. Имитирање на борбени дејствија во кои Киев претпрува неверојатни загуби“, тври Балицки.

Неговите тврдења засега немаат потврда од независни извори, но руското Министерство за одбрана во дневните брифинзи за борбите на украинските фронт, исто така, известува за големи човечки и материјални загуби на украинската војска, но освен првата седмица од почетокот на противофанзивата на Киев не објави други вкупни податоци.