Малолетниот масовен убиец во Белград два дена пред злосторството ги исклучил камерите, а никој не забележал

Коста Кецмановиќ, 13-годишниот масовен убиец кој на почетокот од мај го изврши крвавиот масакр во основното училиште „Владислав Рибникар“ во централната белградска населба Врачар кога уби девет ученици и работник од обезбедувањето на оваа образовна институција, бил фасциниран од војната и оружјето, а српските медиуми сега откриваат и како дошол до нив.

Коста очигледно го подготвувал злосторството што го извршил во училиштето кога убил девет ученици и еден чувар, пишува српска Република. Како што наведува порталалот, детето два дена пред злосторството, на 1-ви мај, ги исклучил камерите во станот за да може да го земе оружјето на неговиот татко.

Во станот на неговото семејство имало камера која гледала во плакарот каде што бил пиштолот. Како што се дознава, камерата не била во функција од 1-ви мај, а момчето-убиец намерно го исклучил за да го земе пиштолот без докази.

Малолетниот злосторник сега е сместен во просторија со тоалет на Детската клиника за неврологија и психијатрија на Клиничкиот центар на Србија. Тој е под посебни безбедносни мерки кои заеднички ги спроведуваат Министерството за внатрешни работи на Србија и Клиничкиот центар.

„Болницата ќе функционира во вонредни услови кои личат на затвори се додека таму го прегледуваат психијатри и психолози по невиденото злосторство што го изврши на 3-ти мај“, изјавил информиран извор за српски Телеграф.

Гледано од главниот влез на клиниката, малолетниот убиец престојува во задниот дел на установата, на првиот кат, каде што се наоѓа одделението за аутизам. Двајца инспектори во цивилна облека постојано со него се во собата и будно го следат.