![bitolska-bolnica](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/03/bitolska-bolnica.jpg?resize=480%2C360&ssl=1)
До Основното јавно обвинителство Битола пристигна наодот од извршената обдукција за причината за смртта на новороденчето кое во април, почина во ЈЗУ Клиничка болница-Битола.
Надлежен јавен обвинител го разгледа наодот, а во текот на утрешниот ден ќе издаде наредба до Институтот за судска медицина во Скопје за вешт наод со кој ќе се утврди евентуална причинско-последична поврзаност меѓу причината за смрт и породувањето.
„Надлежниот јавен обвинител ги презема сите неопходни дејствија за испитување на настанот и евентуална кривична одговорност. Нагласуваме дека во оваа фаза од постапката, секое јавно изнесување на доказите од засегнатите страни, нанесува штета и ја компромитира постапката. Сите страни се обврзани да ги почитуваат законските одредби за тајност на предистражната постапка“, информираа од ОЈО-Битола.