Русија предупредува за ноќен украински напад врз нуклеарката Запорожје

Властите во Киев планираат ноќта кон средата да ја нападнат нуклеарната централа Запорожје со оружје со голема прецизност и беспилотни летала камиказе, изјави во вторникот вечерта на руската државна телевизија Россия 24, советникот на челникот на компанијата „Росенергоатом“, Ренат Карчаа.

„Денеска е добиена информација, којашто сум овластен да ја објавам …. на 5-ти јули, буквално ноќта, вооружените сили на Украина ќе се обидат да ја нападната нуклеарната централа Запорожје користејќи оружје со восока прецизност со долг дострел и беспилотни летала камиказе“, рече Карчаа.

Руските сили ја контролираат најголемата централа во Европа во источниот регион Херсон, на левиот брег на реката Дењпар во близина на градот Енергодар од почетокот на инвазијата во Украина во февруари 2022 година. Од тогаш не престануваат меѓусебните обвинувања меѓу Киев и Москва за ракетирање на нуклеарката, чие оштетување може да доведе до невидена кастастрофа во историјата. Но сите досегашни податици говорат дека таквите опасни удари, сепак, доаѓаат од украинската војска, иако инспекциите на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ – IAEA) изрично избегнуваат да го посочат тоа освен што констатираат инциденти.

Во своето вечерно предупредување, Карчаа тврди и дека Украина планира од летало да исфрли муниција со радиоактивен отпад кој според сознанијата што му се доставени во понеделникот е подигнат од Јужната украинска нуклеарна централа.

„Резервниот план за фрлање радиоактивен матерјал предвидува употреба на проектил со висока прецизност ‘Точка-У’, исполнет со радиоактивен отпад“, рече Карчаа.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пред две седмици на својот Telegram канал напиша дека украинските разузнавачки служби наводно добиле информации дека Русија размислува да изврши „терористички напад“ врз нуклеарната централа Запорожје, којашто инаку од ноември 2022 година е приклучена на енергетскиот систем на Русија, што би вклучувало ослободување на опасна радијација.

Украинските власти од крајот на јуни на териториите од регионот на Запорожје под контрола на украинската војска најавија вежби за случај на хаварија на нуклеарната централа.

На ваквата изјава на Зеленски веднаш реагираше Кремљ, наведувајќи дека тоа е „уште една лага“. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков тогаш за новинарите изјави дека инспекторите од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) штотуку ја посетијае нуклеарната централа и „дадоа највисоки оценки“.

Претходно денеска, пак, Песков на брифингот во врска со ситуацијата во нуклеарката Запорожје, оцени дека „заканите со провокации од страна на Киев се постојани“. Како што кажа, тоа го покажала и саботажата врз хидроцентралата Каховка кога беше поплавено големо подрачје од Херсонската област.