ОВЕН
Со решителни дејствија ги надминувате препреките на вашиот пат, а со тоа тежнеете истото да го направат и оние околу вас. Вашето бурно темпо денеска може да предизвика да пропуштите нешто, но тешко дека тоа ќе биде фатално. Погрижете се да не останете со незавршена работа и ќе бидете далеку порелаксирани. На личен плани ви претстојат промени.
БИК
Ќе бидете во чекор со сѐ што сметате дека е итно и важно. Со деловната смисла за нештата, ќе ги почувствувате деталите за подоцна да немате причини за вознемиреност. Но, таквите ќе се најдат, доволно е навреме ја преземете контролата врз ситуацијата, а можете. Разбирањето со партнерот ве зближува и ја зголемува вашата сила.
БЛИЗНАЦИ
Имате некои неконвенционални идеи кои другите нема да ги примат на начинот на кој вие очекувате. Ова може да ве натера да се двоумите да продолжите на ист начин. Размислете внимателно за вашите опции и не дозволувајте мислењата на другите да ги одредуваат вашите постапки. На личен план, уживате во прекрасна врска со саканата личност.
РАК
Работете според вашата програма, со идеите што ги поставивте нема сомнеж дека ќе остварите напредок. Знаете што сакате и како да го остварите тоа, а тоа е ваша предност. Следејќи ги случувањата ќе се подготвите за важните настани кои претстојат. Не попуштајте на провокации, останете смирени и верувајте во себеси.
ЛАВ
Вниманието од саканата личност ќе ве инспирира и ќе ви даде сила за нови потфати. Како и досега, ќе се однесувате кон вашите работи професионално и одговорно. Деловен предлог ќе ве стави во поволна позиција да изберете меѓу две добри можности. Малкумина ќе бидат оние за кои денот нема да биде контроверзен.
ДЕВИЦА
Си поставивте цели чие исполнување ќе ви одземе повеќе време и нерви, но нема да се откажете. Финансиските и другите придобивки ќе ви го подобрат расположението и ќе ве направат подобри. Аранжманите ќе ве стават во позиција да избирате, а секако ќе останете лојални на оние со кои сте поврзани.
ВАГА
Имате свое мислење за прашања од општа важност, но дајте им право и на другите учесници да се искажат. Вашата почетна заедничка задача ќе ве стави во невообичаени услови и вашата способност да работите во тим ќе зависи од ефективноста на вашата работа. Деликатната ситуација ќе ви отвори пат да се претставите, што нема да го пропуштите.
ШКОРПИЈА
Наскоро вашите дела ќе почнат да се развиваат позабрзано, но дотогаш добро е да не избрзувате со своите постапки. Фокусирајте ја вашата активност на вашето семејство и најблиските. Ќе имате успех кај спротивниот пол, искористете го својот шарм. Избегнувајте расправии, искористете го вашето време за самообразование.
СТРЕЛЕЦ
Времето ќе го посветите на проблеми надвор од домот. Целете високо и нема да зажалите, ќе откриете важни вистини за вашата патека. Нема да недостигаат возбуди, но брзо ќе ги совладате. На работното место ќе работите повеќе за да ги браните своите позиции, и тоа со добра причина. Ве очекуваат нови предизвици.
ЈАРЕЦ
Коректната соработка со деловните луѓе бара да бидете јасни и да ги почитувате договорите меѓу вас. Само така можете да сметате на успех, инаку ќе има разочарани, што неминовно ќе влијае и врз вас. Финансиите ќе ви се подобрат и расположени ќе се погрижите за претстојниот викенд.
ВОДОЛИЈА
Пријатните изненадувања нема да ви недостасуваат, доволно е да сте отворени и расположени за нив. Среќата ви се насмевува и може да ве задоволи со профит, ако ѝ дозволите да се пројави. Со нечија помош ќе се снајдете во невообичаена за вас ситуација, користејќи го искуството и вештините на вашиот добротвор.
РИБИ
Трпеливи сте со она што го дефинирате како деликатно и тоа ви помага да изградите исполнета врска, договор или што и да посакате. Тие ви обезбедуваат предности, зголемувајќи го интересот на многу луѓе за вас. Но, во исто време им дозволуваат на другите да го искористат вашето добро однесување, што може да ве повреди.