Кисела Вода субвенционира материјали за реконструкција на фасади на станбени згради, поправка на лифтови, пелети и печки на пелети

Четири јавни повици за субвенции објави денес Општина Кисела Вода кои на жителите од овој дел на градот ќе им обезбедат финансиска подршка за набавка на печки за пелети, за пелети како енергенс, за кофинансирање при набавка на термоизолациони материјали за реконструкција на фасади на станбени згради, како и за поправка и санација  на постоечки лифтови  во станбени згради на подрачјето на општината.

Согласно Програмата за локален економски развој на Општина Кисела Вода за 2023 година, вкупниот износ за  четирите различни субвенции што ги обезбеди локалната самоуправа изнасува 3.600.000,00 денари. Од нив 2 милиона се предвидени за кофинансирање при набавка на материјали за реконструкција на фасади, 600.000,00 денари за поправка на лифтови, додека по 500.000,00 денари се наменети за пелети и за печки на пелети. Распределбата на средствата за сите повици ќе се врши  по принципот на прв дојден, прв услужен.

За субвенцијата за набавка на термоизолациони материјали за реконструкција на фасади на станбени згради за колективно домување на  територија на Општина Кисела Вода, можат  да аплицираат заeдниците на сопственици или Управители на станбени згради за колективното домување чии станбени згради се изградени пред 2010 година. За ова ќе треба да се достaви доказ, заедно со нотарски заверена изјава дека набавените материјали наведени во испратницата и предмерот на количини во целост ќе бидат наменети и вградени во соодветната станбена зграда за која се однесува Барањето во рок од 1 година од датумот на Решението за субвенционирање и финансиска поддршка донесено од страна на Градоначалникот на Општина Кисела Вода и дека ќе биде потпишан Договор.

Јавниот повик ќе трае 60 дена од датумот на објавување, а локалната самоуправа финансиски учествува со парични средства во висина од 60% од вредноста.

Сите критериуми и услови за учество се достапни на следниот линк објавен на веб страницата на Општина Кисела Вода