
Зачудува нивото на информираност на министерот за економија Бектеши во однос на фирмата на внукот на неговиот партиски лидер Ахмети. Очигледно тој има двојна функција и министер во Влада и портпарол на фирмите на семејството Ахмети, вели Марија Митева, портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ.
„Фирмата на внукот Ахмети треба да ја посети обвинителството, а не претседателот Мицкоски. И притоа да се провери како дваесетгодишник има неколку десетици милиони евра, дали плаќа данок, и како кланот од Зајас стана мултимилионер.
А, што се однесува до посетите, во периодот што следи јавноста ќе биде запознаена со многу движни и недвижни ствари во посед на кланот од Зајас. Се надеваме и тогаш колку и сега министерот за економија Бектеши срдечно ќе има желба истите да ги посети“.