ФОТО: Балотели се пофали со новата фризура

Марио Балотели на својот Инстаграм се пофали со новата фризура, направена специјално во пресрет на „Мерсисајд“ дербито против Евертон.

Натпреварот се игра во сабота со почеток во  13:45 часот, а Балотели во четвртокот го посети берберот и си направи нова фризура. Новиот имиџ е во чест на клубот од „Енфилд“, а златно-црните линии  направени на главата ги претставуваат крилјата на птицата од Ливерпул, која ја има овој тим на своето лого, попозната како „Liver Bird“.

baloteli2-500