Поради предностите што ги нуди централниот систем за греење расте бројот на потрошувачи кои се приклучуваат. До 31-ти август 2023 година, ЕСМ Снабдување со топлина нуди можност за бесплатно приклучување на исклучените потрошувачи.
Бројот на потрошувачи кои се приклучуваат на централниот систем за топлинска енергија, со кој управуваат новите компании на АД ЕСМ е во постојан пораст. Откога ЕСМ Снабдување ја има лиценцата за снабдување со топлинска енергија во градот Скопје, до денес, околу 1640 потрошувачи со вкупна инсталирана топлинска моќност од 10 МW се приклучиле на системот за централно греење од кои 150 се претходно исклучени потрошувачи.
Трендот на пораст на бројот на потрошувачи кои се приклучуваат, покажува дека кај жителите на градот Скопје расте свесноста за бројните придобивки и комфорот што го нуди централниот системот за греење. Дополнителен фактор за растечкиот тренд на нови потрошувачи е и акцијата за бесплатно приклучување на исклучените потрошувачи на системот за централно греење која е во тек и важи за сите потрошувачи каде има техничка можност за приклучување.
Акцијата важи до 31ви август 2023 година, додека од 1-ви септември 2023 година, приклучувањето ќе се наплаќа во целост согласно важечкиот ценовник.
Сите неопходни информации за постапката за приклучување заинтересираните потрошувачи можат да ги добијат во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви 02/3076-200 и 075/400-100.