-Додека Ахмети ја држи владата на Ковачевски, неговите внуци и син прават милионски бизниси, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-Дали борбата на Ахмети по секоја цена да го задржи Ковачевски ден повеќе на власт, се должи на тоа што Ковачевски молчи за сѐ и не смее да изусти збор за очевидните злоупотреби на ДУИ. Додека Ахмети е главен фактор во Владата, неговиот внук Дрин, зема 39% од ТЦ „Соравија“ без да даде денар како надомест. Истиот тој Дрин добил концесија за мала хидроцентрала од Владата, а управува и со каменолом за кој добил концесија, исто така од СДС. Додека Ахмети ја држи Владата, фирмите на внук му се подизведувачи на Коридор 8. Синот на Ахмети заедно со внуците на Ахмети, Дрин и Бесиан ја основал и „Хелиос Плант“ за производство на струја. Дали со истата треба да отпочне изградба на фотоволтаична централа од 60MW која беше најавена од владина говорница?, прашуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.