И без Леброн, Мајами подготвен за успех

Тренерот на Мајами „Хит“, Ерик Споелстра, изјави дека клубот ќе се потруди да ги израдува фановите и без најдобриот во НБА лигата во своите редови.

Леброн Џејмс се пресели од Флорида во Охајо, во тимот на Кливленд „Кавалирс“, каде што се прослави како еден од најквалитетните во натпреварувањето.

Споелстра нагласи дека столбови на клубот ќе бидат Двејн Вејд и Крис Бош, потенцирајќи дека тие се богатството на тимот.

„Составот ќе биде успешен оваа натпреварувачка кампања“, вели Споелстра за медиумите.

Заедно со Џејмс, Мајами четири сезони во низа учествуваше во НБА дуелите за шампионскиот наслов, а два пати ја освои титулата.

Леброн во НБА лигата може да се пофали с просек од 28 поени, 8 скокови и 7 додавања на дуел.