
По добиени реакции од вработени лица на Универзитетот „Мајка Тереза“ (УМТ)-Скопје дека на универзитетот било ангажирано лице цариник од Битола, Љубе Никлески, и изведувал настава на УМТ-Скопје, на Факултетот за технички науки во научната област: Царински систем и царинска политика. Именуваниот изведувал настава на прв циклус на студии-предавања и вежби без наставно-научно звање, што е спротивно на Законот за високо образование.
За веродостојноста на добиените реакции на вработените лица на УТМ-Скопје, со претставка побарав од Државниот просветен инспекторат (ДПИ) да се изврши вонреден инспекциски надзор на Универзитетот „Мајка Tереза“(УМТ)-Скопје и да констатира:
- Дали д-р Љубе Никлески е ангажиран на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје. Ако е ангажиран и примен на Универзитетот, на кој Оглас и во кои дневни весници. Кога и Каде?
- Кое наставно-научно звање го поседува? Од каде е истото и кога?
- Дали Љубе Никлески, бил ангажиран на Техничкиот факултет-Област Царина и шпедиција, за предметите: Царинско познавање на стока, Царинско работење, Царинска тарифа и сл.?
- Дали истиот е евидентиран во распоред за настава, одобрен од Наставно-научниот совет?
- Зошто го прикрива ректорот лицето Љубе Никлески и никаде не фигурира во распореди и други службени акти во вршење и надзор од страна на ДПИ?
- Дали е можно без наставно-научно звање истиот да предава, односно биде ангажиран на предметите?
По ова:
Следи задолжение на Директорот на ДПИ г-дин Халит Фератов, и преставката и се доделува на Советник-Државен просветен инспектор Маја Стојановска од Куманово, да изврши вонреден инспекциски надзор.
Од извршениот вонреден инспекциски надзор со Записник бр.09-54 од 19.04.2023 година, инспекторот Маја Стојановска при ДПИ, констатира дека УМТ-Скопје, објавува Конкурс од 31.01.2023 година во дневните весници „Слободен печат“ и „Коха“ за избор на лица во насловни звања и соработнички звања на Техничкиот факултет во состав на УМТ-Скопје. Но, никаде не констатира дека истиот Конкурс не е реализиран во рок предвиден согласно Законот за високо образование (ЗВО) односно член172 став 6 каде што стои дека: „Постапката по конкурсот може да трае најмногу шест (6) месеци сметано од денот на објавувањето на јавниот конкурс во дневниот печат. Доколку постапката не заврши во овој рок, постапката се запира и се распишува нов конкурс“. Од ова јасно се констатира дека цариникот незаконски е ангажиран и нема наставно-научно звање.
Од извршениот вонреден инспекциски надзор со Записник бр.09-54 од 19.04.2023 година, инспекторот Маја Стојановска при ДПИ, констатира: Дека цариникот д-р Љубе Никлески е ангажиран на УМТ-Скопје на прв циклус на студии на летен семестар академската 2022/2023 г. Но никаде по преставката на прашањето: Кое наставно-научно звање го поседува? Од каде е истото и кога? Кога истиот цариник Љубе Никлески нема наставно-научно звање?
Со ваквиот чин Советникот – Државен просветен инспектор Маја Стојановска постапува нестручно, несовесно, непрофесионано, со што не ја утврдува фактичката состојба односно ги прикрива фактите. Што е спротивно на Законот за инспекциски надзор и Законот за просветна инспекција.Воедно е спротивно на Законот за спречување на корупција и судир на интереси, со ваквиот чин инспекторка Маја Стојановска, согласно член 8 став 7 го губи „интегритетот“ што подразбира законито, независно, непристрасно, етичко, одговорно и транспарентно вршење на работи со кои службените лица го чуваат својот углед и угледот на институцијата…“. Како и спротивно на член 161 став 1 од Законот за високо образование (ЗВО) каде што цитирам: „Високообразовна дејност може да врши само лице избрано во наставно-научно, наставно-стручно, наставно или соработничко звање во времето за кое е избрано“. Именованиот битолски цариник Љубе Никлески, нема наставно-научно звање. И не смее да биде ангажиран! Зарем ова не го знае инспекторот Маја Стојановска од Куманово??!!! Или свесно прикрива?? Во конкретниов случај Љубе Никлески е незаконски ангажиран во областа Царински системи и Царинска политика, кој истиот не e избран во наставно-научно звање. Што е образовен криминал!!!
Имено, од наведените Одлуки бр.02-527/2 од 19.09.2022 година, за покриеност на настава за прв циклус на студии за зимски семестар академската 2022/2023 година, во распоредот на Факултетот за технички науки, зимски семестар цариникот Љубе Никлески е ангажиран по предметите:Царинска тарифа, Царинско работење и царинско познавање на стоката. Со што свесно инспекторот Маја Стојановска не констатира дека битолскиот цариник нема наставно-научно звање, кој е услов за работа и ангажираност, согласно член 161 став 1 од Законот за високо образование.
Нелогичноста на инспекторот Маја Стојановска, продолжува од Записникот бр.09-54 од 19.04.2023г. констатира: дека со „Одлука бр.02-156/74 од 04.10 2022 година, со која Сенатот на Универзитетот „Мајка Тереза“-Скопје, ја утврдува потребата за ангажирање на наставници, уметници и стручњаци од пракса… се ангажира за прв циклус на зимски семестар од уч.2022/2023 г. Д-р Љубе Никлески стручњак од пракса на студиската програма Царина, Шпедиција и Осигурување со предметите: Царинско работење, Царинско познавање на стоката и Меѓународна шпедиција со фонд на 6часови неделно…“
Од вонредниот инспекциски надзор и од Записникот бр.09-54 од 19.04.2023 година, Државниот просветен инспектор Маја Стојановска, свесно не констатира дека стручњак од пракса согласно член 181 од Законот за високо образование(ЗВО) стои: „ Афирмирани научници, уметници и стручњаци од практиката, без оглед на исполнетоста на условите утврдени со овој закон за избор во звање како специјалисти и експерти, по покана, можат да изведуваат настава на одделни делови од наставен предмет, во обем и според и условите определени со статутот на високообразовната установа“.
Што значи, Државниот просветен инспектор не констатирал доследно согласно член 181 од ЗВО, дека д-р Љубе Никлески кој е ангажиран како стручњак од практиката, кој е вработен во редовен работен однос на Царинска управа-Битола, по покана, можат да изведуваат настава за одделни делови од наставен предмет, a не да биде целосно ангажиран… И за тоа треба да има и СОГЛАСНОСТ од Царинската управа каде што е во редовен работен однос, за негово ослободување од работа. Тоа од страна на државниот просветен инспектор Маја Стојановска не е констатирано. Воедно, од страна на инспекторот не е констатирано дека стручњак од пракса не смее да оценува студенти со што се прави образовен криминал, кој го овозможува Државниот просветен инспекторат, преку инспекторот Маја Стојановска. Што е законски прекршок и злоупотреба на службената положба и е спротивно на член 35 став 3 од Законот за просветна инспекција.
Државниот просветен инспектор Маја Стојановска од вонредниот инспекциски надзор го заклучува Записник бр.09-54 од 19.04.2023 година, и констатира дека нема законски пропусти во работењето на субјектот на надзор и предметот го затвора. Трагедија. Кој ги храни образовните криминали? Дали е тоа Државниот просветен инспекторат? Директоре говорете!!!
Со ваквиот незаконит и непрофесионален однос на Маја Стојановска-Државниот просветен инспектор во извршување со прикривање на факти, од извршениот вонреден инспекциски надзор на Универзитетот „Мајка Тереза-Скопје, а подржан од директорот на Државниот просветен инспекторат со неговите советници Африм Саљиу и Бесим кадри на политичката партија ДУИ таа врши злоупотреба на службената должност согласно член 35 став 3 од Законот за просветна инспекција, како и спротивно на член 8 став 7 го губи „интегритетот“ што подразбира законито, независно, непристрасно, етичко, одговорно и транспарентно вршење на работи со кои службените лица го чуваат својот углед и угледот на институцијата…“ по Законот за спречување на корупција и судир на интереси.
Дали, Државниот просветен инспекторат ќе го премолчи овој образовен криминал? И дали како институција ќе преземете соодветни законски мерки против инспекторот Маја Стојановска (активен член на СДСМ-Куманово, и блиска роднина на поранешниот директор на ДПИ Томе Спироски и блиска на актуелниот министер Оливер Спасовски) за нејзината службена злоупотреба. Сега на потег е директорот на Државниот просветен инспекторат Халит Фератов, кадар на Алијанса на Албанците! Инспекцискиот совет! А, за сето ова ќе бидат информирани и меѓународните институции!
Сѐ во борба против образовниот криминал!
Автор: Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор во пензија за НетПрес