Путин се сретнал со Пригожин во Кремљ неколку дена по бунтот на „Вагнер“

Рускиот претседател Владимир Путин, пет дена по еднодневниот бунт од 24-ти јуни, се сретнал во Кремљ со челните луѓе на приватната воена компанија „Вагнер“, потврди во понеделникот портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

Коментирајќи го написот на францускиот весник Liberation за средба меѓу Путин и Пригожин по бунтот од 24-ти јуни, портпаролот на Кремљ одговори потврдно.

„Вистина, претседателот одржа таква средба. Тој на неа покани 35 лица. Сите команданти на одредидте и водството на компанијата. Вклучитилено и самиот (Евгениј) Пригожним. Таа средба се одржа во Кремљ на 29-ти јуни. Треаше релиси три часа“, изјави Песков на редовниот дневен брифинг со новинарите акредитирани во Кремљ.

Портпаролот на рускиот претседател истакна дека поединостите од таа средба не се познати, но зборуваше за темите.

„Единствени што можеме да кажеме е дека претседатело даде оцена за активносите на компанијаата на фронтот во рамките на Специјалната воена операција (како што Москва ја нарекува инвезијата во Украина), а исто така даде и своја оцена за нстаните од 24-ти јуни. Путин го сослуша објаснувањата на командантите и им предложи варијанти за натамошно ангажирање“, рече Песков без да изнесе други детали од средбата.

Според него, „Путин ги слушал објаснувањата на командантите (на ‘Вагнер’ и им понудил дополнителни опции за ангажирање и натамошна борбена активност“. Во исто време, „самите команданти ја претставија својата верзија за она што се случи (на 24-ти јуни), ​​тие истакнаа дека се цврсти поддржувачи и војници на шефот на државата и врховниот врховен командант, а исто така рекоа дека се подготвени да продолжи да се бори за татковината“.

Ова е првпат Кремљ официјално да го спомене името на Пригожин по настаните од 24-ти јуни. Истовремено тоа ги потврди изјавите на белорускиот претседател Александр Лукашенко, каде Пригожин и борците на „Вагнер“ според договорот за прекин на бунтот требаше да заминат, дека водачот на паравојската се наоѓа во Русија.

Изминатите денови во руските медиуми беа објавени прилози кои се сметаат за дискредитација на Пригожин. Претходно во четвртокот Лукашенко изјави дека Пригожин се наоѓа во Русија а не во Белорусија, но не откри повеќе детали, а медиумите шпекулираа дека се наоѓа во домашен притвор или е префрлен на непозната локација.

Помалку од 24-часовниот бунт на „Вагнер“ од 24-ти јуни заврши преку разговори меѓу Лукашенко и Пригожин во тесна координација со рускиот претседател Владимир Путин. Како што беше објавено шефот на „Вагнер“ и борците кои учествувале во бунтот ќе избегнат кривичен прогон, а оние коишто според новиот руски закон нема да потпишат договори со Министерството за одбрана може да му се придружат на Пригожин во егзилот во Белорусија.

Пригожин во една од неодамнешните објави на платформата Telegram повтори дека целта на бунтот не била да се смени власта во Москва, како што го обвини претседателот Путин, туку незадоволството од начинот на кој водството на Министерството за одрбана и Генералштабот ги водат борбените операции на фронтот во Украина. Единиците на „Вагнер“ освен во центарот на Ростов на Дон, каде ноќта од петокот кон саботата на препад влегоа во штабот на Јужниот воен округ, во движењето кон Москва ги избегнуваа поголемите места, и како што тврдеше Пригожин стасале на 200 километри од Москва. На приодите кон руската престолнина според видео-објавите на социјалните мрежи и телевизиите, веќе биле распоредени препреки и специјалните единиции на руската Национална гарда, но сепак не дојде до контакт со колоната на „Вагнер“.