Над 61.000 лица лани починале од жештините во Европа

Минатата година повеќе од 61.000 луѓе умреле поради летните топлотни бранови низ Европа, се вели во студијата објавена денеска во списанието „Nature Medicine“.

Се додава дека дведецениските напори на Европа да се прилагоди на потоплите услови не успеале да го издржат темпото на глобалното затоплување, пишува Њујорк Тајмс.

Најголем дел од загинатите се жени, особено постари од 80 години, додека кај помладите почесто умираат мажи.