Марјан Ристески, претседател на Комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ на денешната трибина насловена „Предизвиците на главниот град и локалната самоуправа како сервис на граѓаните“ која е во рамките акцијата „Пораки од реалниот живот – Ова е Македонија за сите“ зборуваше за градот Скопје и градоначалничката Арсовска каде јасно потенцираше дека недопусливо е ова што му се случува на градот поради неспособноста на Арсовска.
-Никако не е допусливо за еден градоначалник посебно на главниот град на Република Македонија, градот Скопје, да му се случува она што се случува деновови со расфрленото ѓубре. Она што го гледавме овие неколку дена по медиумите со расфрлано ѓубре околу контејнери, тоа не смее да си го дозволи ни еден менаџер, не само со град Скопје туку и со ниедна општина во Република Македонија бидејќи секогаш треба да биде приоритет граѓаните, подобрувањето на условите за живот треба да се приоритет на секој граѓанин, а не усложување на ситуациите и загрозување како што беше случајот на здравјето на граѓаните посебно во овие летни горештини кога температурите се над 30 степени. Расфрлањето на ѓубрето околу контејнери насекаде по јавните површини без да има инцијатива од страна на комуналното претпријатие и градот да биде собрано истото и да биде депонирано таму каде што му е местотото, а тоа е депонијата Дрисла, е недопусливо пред се поради не само создавање на комуналниот отпад и комунален неред и сликата на градот пред се поради појава на заразни болести и не дај боже појава на епидемија. Тогаш тука се поставува прашањето кој би ја презел одговорноста за сето тоа ако не градоначалникот на градот под чија надлежност се јавните претпријатија Комунална хигиена и секако јавното претпријатие Дрисла, рече Ристески.
Тој во текот на своето обраќање укажа дека градоначалничката Арсовска своето неработење го прикрива со тоа што таа се испокара со сите и тоа нејзино однесување е недопусливо за функцијата која таа ја извршува.
-Комуналната хигиена треба да биде приоритет, но гледаме дека дека секогаш кога се создаваат проблем во град Скопје некако навикнавме во овој период, навикнавме на секоја недела или месец да имаме по некој невиден циркус кој се случува во градот и секогаш вината со прст се покажува на други луѓе. Јас не знам да градоначалничката госпоѓа Аровска да се нема испокарано со некој до сега.Арсовска се искара со советниците, се скара со политичките партии, се скара со медиумите, со директорите на јавни претпријатија и секогаш својата неспобност за раководење, менаџирање ја префрла на други лица. Таа многу често користи несоодветен вокабулар што не би одговарало на една личноста која е 3 или 4 по ред функција во државата, тоа е градоначалник на Град Скопје и според мене тоа е недопусливо, кажа тој.
Ристески во врска со неработењето на Арсовска ја спомена и последната анкета на ИРИ која јасно покажува дека скопјани се незадоволни од нејзиното работење и според него тоа е еден фрапантен податок за еден градоначалник кој го реализира својот прв мандат.
-Сето ова се одразува на скопјани, не се задоволни од ова две годишно управување со градот Скопје и тоа го покажуваат и последните анкети на ИРИ. Знаеме дека првите две години секој градоналник се труди со ентузијазам, со знаење, со добар тим, со програмата која ја ветил што повеќе да реализира проекти со цел да остави нормално добар впечаток кај граѓаните и нормално тоа што ветил да реализра. Овдека освен вакви прес конференции, напади немаме ништо конретно видено во овие две години и тоа граѓаните го препознаваат и затоа е и таква анектата каде граѓаните преку 50 проценти се незадоволни од нејзиното работење, а еден мал процент некаде под 20 проценти се делумно задоволни од нејзиното работење. Тоа е еден фрапантен податок за еден градоначалник кој го реализира својот прв мандат во првите две години да има поразителни бројки, да е некој фер и коректен спрема граѓаните би се погледнал во огледало и би рекол јас ќе си дадам функцијата и ќе го отташам на некој способен да го води градот, кажа тој.