Инвестиции во инфраструктурата со несмалена динамика во Општина Аеродром

„Жешките летни денови Општина Аеродром ги користи за инвестиции во инфраструктурата кои во текот на јули продолжуваат со несмалена динамика. Реализираме проекти кои го олеснуваат движењето и ја подигнуваат безбедноста во сообраќајот во Аеродром. Со реализација на овој проект аеродромци добиваат уште една целосно реконструирана улица, а граѓаните на населба Лисиче сообраќајница која ќе ја подобри поврзаноста на населбата – пишува Тимчо Муцунски, градоначалникот на Општина Аеродром, објавувајќи видео на својата Фејсбук страна.

„Реконструкцијата на „Мите Богоевски“ опфаќа поставување на нов асфалт и целосна обнова на тротоарите во должина од 1.245 метри, како и поставување хоризонтална и вертикална сигнализација. Станува збор за проект кој го реализира Општина Аеродром, со средства од Светска Банка, добиени преку Министерството за транспорт и врски“ – вели Муцунски.

Градоначалникот Муцунски, објавувајќи го видеото на својата Фејсбук страна, потенцираше дека посебно се радува за инфраструктурните инвестиции и на нивната реализација, кон кои вработените во Општина Аеродром секогаш пристапуваат со многу енергија, затоа што тоа се инвестиции кои значат многу за граѓаните, но и проекти од кои бенефит ќе имаат и идните генерации.

– Новите инфраструктурни проекти ги решаваат најважните проблеми и предизвици на граѓаните. Новите улици и паркови, како и завршување на низа важни проекти на повеќе локации во општината говорат за посветена и одговорна работа и успешно завршениот инфраструктурен циклус – вели градоначалникот Муцунски.