Метеорит падна во северна Бугарија

Силна светлина проследена со силен татнеж била забележана синоќа околу 21:50 часот на поширока територија на северозападна Бугарија. Се претпоставува дека звукот бил предизвикан од паднат метеорит, пишуваат бугарските медиуми.

Жители од градовите Видин, Монтана, Берковица и Белоградчик пријавиле дека виделе светлина и силната бучава, а некои од нив успеал да направат снимки.

– Го видовме од атарот на селото Извор, Видинско. Околу 21 часот и 50 минути стана како ден, видовме долга трага од оган и кој се распадна на помали делови. Гласниот звук се слушна по една минута – вели еден очевидец.

Други очевидци коментираат дека и во Софија станало светло како ден за неколку секунди.

Нешто по 23 часот бугарското МВР ја потврди информацијата.

– Околу 22 часот се слушна татнеж на територијата на Видинско. На терен веднаш се испратени екипи на МВР на Видин, кои извршиле увид. На лице место нема извештаи за повредени лица, предизвикани пожари, ниту материјална штета – соопшти полицијата.