
Советот на јавни обвинители ги избра Наталија Тасевска и Елвин Вели за јавни обвинители во Јавното обвинителство на Република Македонија.
Покрај нив биле пријавени четворица други кандидати кои не беа избрани, а станува збор за Валентина Стојановска, Вилма Рускоска, Даница Монева и Златко Биковски.
Пријавата на кандидатот Ислам Абази била повлечена бидејќи тој во меѓувреме беше избран за шеф на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.
На денешната, 82 Седница, Советот расправа и за избор на обвинители во Вишото јавно обвинителство Скопје, ОЈО ГОКК, Основно јавно обвинителство Гостивар, Основно јавно обвинителство Кавадарци и Основно јавно обвинителство Скопје.