ФИФА ќе исплати 209 милиони долари на клубовите чии играчи се натпреваруваа на Светското првенство минатата година во Катар, објави во четвртокот највисоката светска фудбалска организација.
Ќе бидат исплатен 440 клубови од 51 различна земја чиишто играчи учествуваа на турнирот во ноември и декември минатата година, на кој победи Аргентина.
ФИФА ќе плаќа дневна сума од 10.950 долари за секој од 837-те фудбалери на Светското првенство, без разлика колку минути играле во текот на турнирот.
Вкупниот износ по играч се дели и се распределува на клубот или клубовите за кои играчот бил регистриран во две години пред финалето во Катар. Тоа е зголемување од 8.530 долари што ФИФА ги плати по играч на претходно Светско првенство во Русија 2018 година.
За мундијалот во Катар најголеми приматели ќе бидат вкупно 46 англиски клубови со вкупна сума од 37.713.297 долари, а потоа следуваат клубовите од Шпанија, Германија, Италија и Франција.
Манчестер Сити ќе биде најплатен, за еден клуб, со 4.596.445 долари, а потоа следат Барселона со 4.538.955 долари) и Баерн Минхен со 4.331.809 долари.
Според договорот потпишан од ФИФА и Европската клупска асоцијација претходно оваа година, 355 милиони долари ќе бидат распределени на клубовите како дел од програмите на Светското првенство во 2026 и 2030 година.