![sibenik](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/07/sibenik.jpg?resize=662%2C598&ssl=1)
Голем пожар избувна во Горњи Бановци кај Гребаштица во Шибеничко – Книнска жупанија. Пожарот, кој се повеќе се шири од силниот ветар, го гаснат 56 пожарникари со 20 возила и шест авиони, известуваат хрватските медиуми.
Се наведува дека поради пожарот бил затворен дел од Јадранската магистрала за да им се овозможи на пожарникарите непречено да работат, а се очекува да полетаат уште противпожарни авиони.
Две семејства се евакуирани, а порталот Шибеник ИН објави дека изгорел и семејниот автомобил на гости од Германија, но дека луѓео се безбедни.
Читателка на тој портал од Гребаштицат вели дека состојбата на терен се влошува.
– Луѓето бегаат од апартманите, но не знаат каде да бегаат. Вистинска паника, се смрди и ништо не се гледа од чадот – рекла таа.