Шведски суд ја блокираше екстрадицијата на двајца Турци на Анкара

Шведскиот врховен суд во четвртокот ја блокираше екстрадицијата на двајца турски државјани во Турција каде што се обвинети за учество во вооружена терористичка организација, но според шведскиот суд „постојат пречки за екстрадиција“.

„Турција побара екстрадиција на двајца турски државјани. Во едниот случај екстрадиција се бара за извршување затворска казна, а во вгориот поради судска истрага. Според мислењето на владата Врховниот суд појасни дека и во двата случаи постојат пречи за екстрадиција“, се вели во соопштението за јавноста што го објави високата шведска правосудна истанца.

Се истакнува, меѓу другото, дека според турската страна споменатите две лица се поврзани со движењето FETO ламистичкиот проповедник Фетула Ѓулен, кој живее во доброволен егзил во САД кои одбиваат да ѝ го предадат на Турција. Ѓулен, поранешен политички сојузник на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган пред повеќе години е обвинет за создавање „држава во држава“ односно паралелни институции во турското општество и оти со неговите приврзаници стои зад неуспешниот обид за воен преврат во јули 2016 година по што Анкара движењето го прогласи за терористичка организација.

Конкретно, за двете барани лица се наведува само дека ја преземале и користеле мобилната апликација којашто ја користат членовите на движењето коешто Анкара го означува како FETO. Други поединости во врска со нивни активности, барем во јавноста, не се наведени.
Според мислењето на шведскиот Врховен суд „преземањето и користењето на мобилана апликација самото посебе не може да се смета“ како учество во одредена терористичка организација. Судот, исто така, забележува дека „мода да се направи процена дали делото е во согласност со кривично дело според шведскиот закон“.

Покрај тоа, истакнува судот, „постојат пречки“ поврзани, меѓу другото, и со фактот дека двајцата турски државјани имаат статус на бегалци и „ризик на прогон доколку биле екстрадирани“.

Одлуката на шведскиот Врховен суд доаѓа само неколку дена Труција одлучи повеќе да не го блокира приемот на Шведска во НАТО, кој го кочеше токму поради обвинувањето дека Стокхолм меѓу низата непријателски потези кон Анкара им дава политички азили и заштита на лицата кои турската држава ги бара поради тероризам, како што се покрај приврзаниците на FETO и оние на Работничката партија на Курдистан (PKK).

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, сосема неочекувно, во понеделникот по состанокот пред почетокот на самитот на НАТО во Вилнус со генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг и шведскиот премиер Улф Кристерсон, објави дека Турција нема да го попречува приемот на Шведска во Северноатлантскиот воен блок, за што особено инсистираа САД. Ердоган тогаш појасни дека турскиот парламент ќе ја разгледува ратификацијата на шведското барање за прием по летната пауза која завршува на почетокот од октомври.

Но шведската влада, иако донесе нов закон за борба против тероризмот, кој до некаде ја задоволи Анкара во однос на претхдоно постигнатиот договор со Стокхолм, сите прашања за екстрадициите му ги препушти на Врховниот суд.

„Ова е советодавна одлука на Врховниот суд, но доколку Врховниот суд оцени дека екстрадицијата не може да се спроведе поради правни пречки кои ѝ противречат, тогаш владата не смее да го израчи бараното лице“, толкуваше подоцна за шведските медиуми судијката од овој су Сесилија Ранфорс.

Според неа, есктрадицијата мора да се заснова на дело коешто претставува кривично дело и во Шведска и во Турција, а придружувањето на движењето на Ѓулен преку мобилна апликација не е тоа според шведското законодавство.

Покрај тоа, шведската влада на судовите и полицијата им го префрли давањето одобрувања за одржува протести и настани против Турција, како што беше неодамнешното сквернавење и палење на светата книга на муслиманите Куранот пред централната џамија во Стокхолм, и тоа на првиот ден од големиот муслимански празник Курбан бајрам.

Тогаш се сметаше дека тој чин дефинитивно ќе ја зацврсти намерата на Турција да го блокира членството на Швеска во НАТО, кое мора да биде потврдено од секој од 31 сојузник. Меѓутоа, ненадејната одлука на Ердоган, според политичките коментатори доаѓа откако успеал да се испазари со САД за испорака на современите верзии на борбените авиони „F-16“ , откако Турција беше исклучена од проектот за напрениот авиони од петтата генерација „F-35“ поради набавката на руските противвоздушни ракетни системи „С-400“ откако Анкара со години беше одбивана да ги набави од своите сојузници во НАТО.