Меси се појави во маркет во САД – скоро никој не го препознал!

Познато е дека во САД луѓето не се премногу загреани за фудбалот, а последната сцена е уште еден доказ за такво нешто.

Лионел Меси за неколку дена ќе биде официјално претставен како нов фудбалер на Интер Мајами, а Аргентинецот веќе е на Флорида со своето семејство. Сега беше забележана интересна ситуација во која скоро никој не го препознал Меси додека пазарувал во супермаркет.

Во Европа беше незамисливо за Меси слободно да шета во маркет или на улица каде што веднаш се собираа фанови околу него.

Како што објави навивачот кој го препознал Аргентинецот и се фотографирал со Него, Меси по завршувањето на обврските мирно си заминал во својот дом без да привлекува внимание.