
Брако го шири производството и гради нови погони со цел да одговори на зголемената побарувачка од светот пред се за возилата за чистење. Новата хала се простира на површина од над 4400 метри квадратни, а со неа дополнително ќе се подобрат условите за работа и ќе се овозможи проширување на производството, како одговор на зголемената побарувачка, пред се на современите машини за чистење во урбани средини од линијата „Грин Машинс“.
Вања Андонова, главен инженер-архитект во БРАКО, вели дека халата, вредна 2,5 милиони евра, брзо напредува и дека БРАКО сам ја произведува конструкцијата.
„Во новата современа хала ќе биде поставена новата производствена линија за електричните и водородни возила од Грин Машинс, ќе се инсталираат нови ЦНЦ плазма машини за обработка на метал, со што значително ќе се подобри ефикасноста и ефективноста на производството, а во склоп на објектот ќе функционира и современ фабрички ресторан, со една реченица значително ќе се зголемат капацитетите за производство“, вели инженер-архитект Вања Андонова.
Брако продолжува да ја одржува конкурентската предност на пазарот, со континурано инвестирање во современа технологија и изградба на нови инфраструктурни капацитети.