Со вистинските економски политики СДСМ ги зголемува платите на работниците во сите сектори.
Преку дијалог постигнат е Договор со Синдикатот, Владата на СДСМ од септември оваа година обезбедува покачување на платите во јавниот сектор за 10%.
На вработените ќе им биде исплатен и регрес (К-15) за 2023 година, во износ од 10.000 денари.
Методологијата на плата која ќе се спроведува од март 2025, ќе се добива од просечна плата помножена со коефициент. Во општиот колективен договор ќе се дефинира исплата на минимум К15 од во износ од 30% од просечната нето плата.
СДСМ работи на унапредување на работничките права, зголемување на стандардот на работникот во сите сектори а не само во јавниот сектор.
СДСМ ја зголеми минималната плата од 8.000 денари во времето на ДПМНЕ на 20.000 денари.
Ветивме и го исполнивме ветувањето за значително поголема просечна плата. Од 20.000 денари во времето на ДПМНЕ сега е над 36.000 денари.
Во здравството, културата, полицијата, образованието, детската заштита и детските градинки исто така значително ги покачивме платите.
За 5 години во образованието СДСМ ги зголеми платите за 36%.
Воспитувачите во детските градинки, во времето на ДПМНЕ земале само 18.000 денари а денеска земаат 36.000 денари што е за 100% поголема плата.
Негувателка во времето на ДПМНЕ земала 14.000 денари а денеска, со СДСМ, зема 27.500 денари што е за 96% поголема плата.
Пензиите исто така ги покачивме за сите пензионери и просечната пензија денеска е поголема за 35% од времето на ДПМНЕ а следува и ново зголемување на пензиите во септември.
Македонија не е веќе земја на евтина работна сила. СДСМ го цени и го вреднува трудот на сите работници.
Владата предводена од СДСМ продолжува со економските политики за унапредување на животниот стандард на граѓаните.