Рударската концесија во струмичкиот регион стана предмет на меѓусебни обвинувања меѓу власта и опозицијата. Премиерот Димитар Ковачевски рече дека нема да се отвори рудник во струмичкиот регион доколку жителите од тој крај се противат.. Но, рече дека има судски одлуки кои се во корист на компанијата што ја добила концесијата, како што истакна, во времето кога премиер бил Никола Груевски, кој пак во периодот за кој зборува Ковачевски, 2012-2013 година, беше на власт со актуелните владини партнери на СДСМ, Демократската Унија за Интеграција. Ковачевски зборуваше и за министерот за економија, за кој некои министри од актуелната влада рекоа дека ги изманипулирал од министерот Крешник Бектеши во врска со судските одлуки за концесијата за која станува збор.
Во врска со сомнежите што ги отвораат некои министри за информациите што Крешник Бектеши и ги дал на Владата а порзани со судски одлуки за концесиите за рудникот, за кои се сомневаат дека не се во согласност со вистината, преку статус на социјалните мрежи реагираше пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.
„Колку владини одлуки досега се донесени од измамени министри и врз основа на неточни податоци (Бехтел и Енка, забраната за изградба на штипската клиника, данокот за солидарност, асфалтните бази, концесиите за мермер и сл.)? Дали во владата не работат комисиите и генералниот секретаријат кои ги проверуваат материјалите и ги подготвуваат одлуките пред седницата? Дали министрите кои изјавија дека измамени гласале за одлука , или Јавниот обвинител по службена должност, ќе побараат кривична одговорност за министерот Бектеши , согласно член 247 од КЗ?Дали премиерот Ковачевски бил на седница, како гласал и дали и тој се чувствува измамен од министерот Бектеши, исто како Спасовски, Петровска и Шукова?, рече Милошоски.
Жителите на Стумичкиот регион излегоа на протест и го кренаа гласот против отварањето рудник, бидејќи според нив со тоа ќе се уништи земјоделското земјишто. Вчерашниот протест го поддржаа и дел од министрите од актуелната Влада кои рекоа дека и тие се против отворањето на рудникот и покрај тоа што се дел од владата која оваа одлука ја донесе неодамна на владината седница. Компанијата Еуромакс Рисорсис преку писмено соопштение реагираше од каде велат дека можна штета од ваквиот неодговорен пристап би била меѓународна арбитража со најмалку 1 милијарда евра платени од државниот буџет, или од џебот на граѓаните.