На Сонцето се случиле три многу моќни блеосци, а еден од нив бил проследен со прекин во радиокомуникацијата на куси бранови, соопштија во понеделникот руските научници.
Московскиот Институт за применета геофизика Федеров соопшти дека ткн Сончеви блесоци можеби од класата X, вклучително и протонски млазеви се случиле ноќта кон понеделникот, и се очекува дека ќе се влошат краткобрановите радиски услови.
Според руските научници, во рентгенскиот дијапазон на групата сончеви петна 3372 (N21E30) е регистриран блесокот М1.1 кој траел дури 14 минути, а во интервали од неколку часа следеле уште два блесока означени со интензитет М1.8 и М4.0.
Ваквите Сончеви блесоци од класата X се најголемите експлозии во соларните системи и може да создадат долготрајни радијациски (магнетни) бури. Протонските блесоци се бура од честички на соларна енергија, составена главно од протони.
Сончевите блесоци се случуваат кога ќе се поврзат силните магнетни полиња во и околу Сонцето. Тие може да влијаат врз магнетното поле на Земјата со можност за оштетување на сателити и комуникациска опрема, според американската вселенска агенција NASA. Во 2022 година геоматнетна бура предизвикана со голема експлозија на сончево зрачење онеспособи 40 штотуки лансирани сателити на „SpaceX“.
Сончевите блесоци можат да предизвикаат магнетни бури на Земјата кои ги нарушуваат електроенергетските системи и влијаат на миграциските патишта на птиците и животните. Дополнително, силните бури предизвикуваат прекин на комуникациите и системите за навигација со кратки бранови, како и испади на напонот на струјата во индустриските мрежи.