Во петокот љубителите на тенисот со голем интерес следеа два важни натпревари. Новак Ѓоковиќ победи во полуфиналето на Вимблдон во мечот против Италијанецот Јаник Синер, а Шпанецот Карлос Алказар стана вториот финалист откако го совлада Русинот Данило Медведев.
Токму полуфиналниот меч на Алказар го следеше Шакира, која пак предизвика жестоки реакции со комбинацијата на облека. Имено, на официјалниот профил на турнирот на Инстаграм започна дискусија дали нејзиното модно издание е соодветно за Вимблдон.
View this post on Instagram
Шакира за полуфиналето избра облека од линијата „MO5CH1NO Jeans“ на модната куќа Москино. Под откопчаната кошула со тексас дезен носеше соодветен краток топ, а се одлучи и за макси здолниште со истиот дезен.
Својата комбинација ја заокружи со платнени патики со предимензиониран ѓон и бела чанта од модната куќа „Mugler“.
„Ја сакам, но таа требаше да знае за кодексот на облекување, тоа е Вимблдон, мора да имаш почит“, напиша еден од коментарите на Инстаграм.
„Сосема несоодветна комбинација за овој настан“, „Не е погодна за кралската ложа“, „Друг би бил исфрлен од теренот поради оваа облека“, се само дел од негативните коментари за изборот на облека на Шакира.
Од друга страна, многу обожаватели на Шакира застанаа во одбрана на пејачката и заклучија дека таквите правила едноставно не важат за ѕвезда од нејзиниот калибар.
View this post on Instagram