Делегација на ВМРО-ДПМНЕ и парламентарните партии од Коалицијата за обнова на Македонија, денес оствари средба со висока делегација предводена од министрите за Европа на Сојузна Република Германија, Република Франција и Република Полска.
-Денес на гости ни дојдоа три Министри за Европа на Франција, Германија и Полска. Го споделија нивното гледиште.
Им се заблагодаривме и им кажавме – ДА за членството на Македонија во ЕУ, ама НЕ за уставни измени под Бугарски диктат. Јасно, директно и достоинствено!, пишува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на Фејсбук.