
Американскиот државен секретар Антони Блинкен оцени дека одлуката на Русија да го суспендира учеството во договорот од пред една година што и дозволува на Украина да извезува жито преку Црното Море е „несовесна“.
Вчера тој повика на што поскоро обновување на договорот, пренесува Ројтерс.
Блинкен на прес-конференцијата рече и дека Вашингтон ја следи ситуацијата по нападот во текот на ноќта на патниот мост што го поврзува Крим со јужна Русија.
„Што се однесува до мостот, ова е ситуација што ја следиме, се разбира, Украина треба да одлучи како да се бори со оваа војна“, рече тој.