Пратениците од парламентарното мнозинство денеска ги усвоија законските измени со кои драстично се намалуваат вкупните трошоци за брзите кредити, се пофалија од СДСМ. Со усвоените измени на Законот за финансиски друштва вкупните трошоци на земен т.н брз кредит не може да бидат поголеми од 60 отсто од кредитот.
Со ова се прекинува практиката со која, на пример, за кредит од 10.000 денари, граѓаните досега требаа да вратат 70.000 денари.