Русија ќе се врати во договорот за житото кога ќе запре „дрското“ неисполнување на нејзините услови, порача Путин

Арогантното и дрско неусполнување на руските услови според договорот за извозот на житарките преку црноморските пристаништа е причина за повлекувањето на Русија од договорот изјави претседателот Владимир Путин.

„Едноставно отворена аргоанција и дрскост. Празни ветувања и муабети. Само се компромитираа себеси со таквото однесување. Поткопан беше авторитетот на водството на секретаријатот на Обединетите нации како гарант на договорот за житото“, изјави Путин пред членовите на руската влада откако претходно седмицава Русија се повлече од договорот за извоз на житарките од црноморските украински пристаништа.

Русија во понеделникот објави за суспендирањето на нејзиното учество во иницијативата којашто гарантираше извоз на житарки и земјоделски ѓубрива од три украински пристаништа на Црното Море, според договорот меѓу Русија, Украина и Турција постигнат ланскиот јули со посредство на Обединетите нации. Договорот беше склучен на 120 дена и продолжен за уште 120 дена во ноември минатата година и за уште 60 дена во март годинава. Истече денеска, а Русија повтори дека одредбите од договорот кои се однесувале на нејзиниот извоз воопшто не се испочитувани.

Москва повеќепати предупредуваше дека повеќе од 80 отсто од извозот преку црноморските пристаништа на Украина на житарки наместо во сиромашните земји во Африка се пренасочуваат и завршуваат на пазарите во земјите на Западот. Покрај тоа, сѐ уште во европските пристаништа под изговор со западните санкции повеќе од година се блокирани руски производи и земјоделски ѓубрива кои Москва без надоместоци ги подари на африканските земји.

Од почетокот на август минатата година до 10-ти јули годинава од три украински пристаништа во Црното Море извезени се 32 милиони тони житарки во 45 земји на три континента, известија Обединетите нации. Најмногу житарки се извезени во Кина, речиси 8 милиони тони. Следат Шпанија и Турција со по 6 односно 3,2 милиони тони. Меѓу петте главни увозници се и Италија и Холандија, со 2,1 односно 2 милиона тони житари. Египет, некогаш главниот увозник на житарки, е на шестото место со увезени 1,6 милиони тони житарки.

Русија, според податоците на Светската банка, е најголемиот светски извозник на ѓубрива и значаен извозник на житарки, но нејзиниот извоз го попречуваат западните санкции. Рускиот произведувач на поташ и амониум нитрат „Уралхем“ кон крајот на мај истакна дека запленетите ѓубрива на Западот чинеле повеќе од 200 милијарди американски долари, издвојувајќи го бродот „Asian Majesty“ со 60.000 тони поташ, кој е блокиран на отворено море кај естонска Рига од март 2022 година.

Путин пред руските функционери во средата истакна дека „таканаречениот договор“ постојано беше продолжуван, а последен пат во мај годинава,

„Го продолжувавме овој договор повторно и повторно и едноставно покажавме чудо на трпение и толерантност“, рече рускиот челник.

 

Договорот како алатка за уцени од Западот и богатење на корпорациите

Според Путин, Москва очекувала дека странските колеги на краот ќе започнат целосно да ги исполнуваат сите обврски и договори, откако првично до Западот добила гаранции дека неколкуте нејзини барања ќе бидат исполнети.

„Меѓутоа, всушност тие немаа намера да го сторат тоа. Западните земји, напротив, направија сѐ за да ја спречат иницијативата, и покрај искрените напори на соработниците на Обединетите нации“, рече Путин.

„Наместо да им се помогне на земјите на коишто им е потребна, Западот го искористи договорот за житото за политички уцени, а дополнително го направи алатка за богатење на меѓунационалниот корпорации“, посочи рускиот претседател.

Истакна дека Русија е попречен дури и во донирањето на ѓубривата за најсиромашните. Така, според Путин, од 262.000 тони блокирани производи во европските пристаништа, деблокирани биле само две пратки.

„Сепак, подготвени сме да размислиме за враќање на договорот веднаш штом предвид ќе бидат земени предвид и ќе бидат исполнети сите услови коишто претходно ги договоривме“, рече Путин.

 

Условите на Русија

Путин потсети дека станува збор за остранување на препреките за руските банки и финансиски иснтитуции преку кои одат исплатите за испораките на храна и ѓубрива, вклучително и новно директно враќање во меѓународниот платежен систем SWIFT, повлекување на санкциите за испораките на руските житарки и ѓубрива на светските пазари.

Путин, исто така, откри дека било договорено и деблокирање ан парите и средствата поврзани со рускиот земјоделски сектор, продолжување на испораките на резервни делови и компоненти за земјоделските машини и индустријата за ѓубрива во Русија, како и решавања на сите прашања поврзани со осигурувањето на руските бродови и изозните испораки на храната. Со тоа, според него, се обезбедува непречено снабдување со ѓубрива од Русија и суровини за нивно производство, што е исто така дел од договорот, како и поворното пуштање во работа на цевководот за амонјак Толјати во Русија до Одеса во Украина.

„Целата таа листа е изложен и утврден во меморандумот потпишатн меѓиу Русија и ОН… И единственото нешто што сакам да го истакнам е дека првичната суштина, значењето на договорот за жито имаше колосално хуманитарно значење“, заклучи Путин.