
И во четвртокот во Македонија ќе превладува сончево и многу топло време со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Индексот на ултравиолетовото зрачање (UV) и натаму ќе има висок индекс 10.
Утринските температури се движат од 16 до 23, додека максималните дневни соодветно ќе бидат во интервалот од 31 до 41 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денека, исто така, ќе биде сончево и многу топло со слаб ветер од северозападен правец. Температурата ќе достигне до 39 степени.
Според прогнозата на Управата за хидрометорологија, до следната среда ќе се задржи сончево и многу топло време со високи утрински и дневни температури поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури.
Благо опаѓање на температурата за два до три степени ќе има само во понеделник. УВ-индексот и понатаму ќе има многу висока вредност 10.