Агелер: Има уште личности за на „црната листа“, корупцијата не ја нарушува само довербата во судството, туку е и предавство за граѓаните

Американската амбасадорка Анџела Агелер на денешната прес конференција изјави дека во моментов се разгледуваат повеќе личности и организации кои би влегле на „црната“ листа на САД, но во моментов не се знае кој би бил следниот. Таа го посочи ова откако вчера САД го ставија на „црна“ листа бизнисменот Орце Камчев.
Агелер потенцира дека доказите за овие личности се собрани од домашните институции. „Злоупотребата на службената положба, перењето пари, митото, во кои господинот Камчев бил дел, не само што ја нарушува довербата во правосудните институции, туку претставува и предавство на граѓаните на оваа држава. За Северна Македонија да ги надмине сите предизвиции кои се пред неа, како и да го забрза членството во ЕУ, корупцијата не смее туку така да проаѓа. Одговорните лица мора да одговараат за делата“, рече таа во врска со одлуката американското Министерство за финансии за ставање на Камчев на „црната листа“.

Таа потенцираше дека ваквите чекори на САД, како за градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, така и за Камчев, не се од лични или политички мотивирани. „Црната“ листа според неа не значи дека САД се тука за да апсат или да преземаат правни мерки, туку дека е добро да се види што во врска со тоа ќе преземат домашните институции.

„Инавме можност да најдеме докази против овие личности и тие се собрани овде, во земјава. Информациите се достапни, а следните чекори зависат од надлежните органи“,
рече таа.

Додаде дека корупцијата, во било каква форма, не треба да се толерира, што пред се е во интерес на граѓаните и демократските процеси.

Бизнисменот Орце Камчев од вчера е на „црната листа“ на САД поради корупција. Американските власти оцениле дека тој интензивно се занимава со корупција повеќе од една деценија, како и дека го искористил своето богатство и коруптивно влијание за да манипулира со судскиот систем во Северна Македонија, па со тоа придонел и за колапсот на СЈО.
Агелер порача дека ставањето на Камчев на оваа листа е уште еден показател дека САД ќе ги употреби сите алатки за да ги стави под одговорност сите оние кои се вклучени во коруптивни активности, без разлика на нивните позиции и моќо, како и дека овие санкции не влијаат само на имотот на Камчев, туку и на оние фирми кои имаат бизнис со него.

-Злоупотребата на моќ и корупцијата на Камчев значи и предавство на народот на оваа земја. За С. Македонија да ги надмине предизвиците што се пред неа на патот кон ЕУ, корупцијата не смее да помине неказнето. Институциите треба да продолжат понатаму според законите на земјата, но се надевам дека и граѓаните и медиумите, ќе бараат одговорност и одговори од луѓето кои се на позиции, порача Агелер.