Пјонганг не се огласува за американскиот пребегнат војник

Северна Кореја во четвртокот сѐ уште не се огласи за американскиот војник кој два дена претходно се одвои од групата за обиколка и ја премина силно утврдената граница, доведувајќи го Вашингтон во нова дипломатска дилема во екот на постојните тензии со Пјонгјанг.

Американските власти велат дека севернокорејската страна не одговорила на прашањето на американската војска за војникот Тревис Ти Кинг,

Државниот медиуми во Северна Кореја, коишто во минатото редовно известуваа за притворања на американски државјани, исто така, засега не го коментираа инцидентот.

Зборувајќи во Јапонија, специјалниот американски претставник за Северна Кореја, Сунг Ким, изјави дека САД „многу напорно работат“ за да се утврди статусот на Кинг и активно се вклучени во осигурувањето на неговата безбедност и враќање. Сунг Ким не даде други поединости.

Претходно портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер, на брифинг за новинарите изјави дека Пентагон ѝ се обратил на армијата на Северна Кореја во врска со 23-годишниот подофицер Кинг.

„Колку што сфатив, сѐ уште не е одговорено“, додаде Милер.

Според последните тврдења, војникот Кинг наводно како цивил во вторникот, иако поради дисциплинска постапка требало да ја напушти Јужна Кореја, бил во обиколка на селото Пунмунџом и ненадејно ја претрчал силно обезбедуваната демаркациска линија којашто ги раздвојува двете Кореи од склучувањето на примирјето во Корејската војна од 1950 до 1953 година. Кинг бил дел од туристичка група од околу 40 луѓе кои ја посетила Заедничката безбедносна област (JSA).