
Во минатото бевме сведоци на одлична меѓународна промоција на Македонија. За Македонија се зборуваше на CNN, Euronews, FOX итн. Бевме присутни на секој голем светски саем. Се воодушевуваме дури и ние како Македонци на прекрасната кампања Macedonia Timeless, додека пак Invest in Macedonia ни донесе многу странски инвестиции. За жал, сега сме сведоци само на дневна политика и брутално потенцирање само на географската одредница која ја додадовме на државното име како тоа да ни ги отвора вратите за туристички посети на нашата земја ”истакна доц.д-р Викторија Трајков од Универзитет Скопје, на денешниот симпозиум организиран од Македонската Обединета Дијаспора кој се одржа во Скопје!
“Македонија мора да поработи на одржување на постојана и непрекината комуникација со својата дијаспора . Тоа е единствениот начин нашите Македонци да имаат чувство на припадност и никогаш да не заборават каде е нивната родна грутка”- додаде доц.д-р Викторија Трајков на денешниот Симпозиум организиран од Македонската Обединета Дијаспора кој се одржа во Скопје!