Американскиот претседател Џо Бајден се најде во конфузија и не можеше самиот да ја напушти сцената на настан во сојузната држава Филаделфија, според видеото објавено на каналот GOP War Room на YouTube.
На снимката се гледа како станарот на Белата куќа, завршувајќи го говорот им се заблагодарува на присутните, по што со збунет поглед се врти кон едн од неговите асистенти гестикулирајќи со рацете.
Откако тргнува во еден правец, Бајден потоа нагло застанува и само неколку секунди подоцна, откако добива упатство од помошникот, се свртува и тргнува во спротивната насока.
Бајден во текот на јавните настапи честопати беше конфузен, ја губеше ориентацијата, ги грешеше имињата на функционерите и државите, се поздравуваше со непостоечки лица, ѝ се обраќаше на својата покојна мајка, а неколкупати се спренуваше.
Ланскиот ноември Бајден напони 80 години и стана најстариот американски претседател на должност во историјата. Неговите чести гафови, дезориентираност во просторот, говорните лапсуси и замени на должности и географски локации често предизвикуваат реакции кај неговите опоненти кои ја доведуваат во прашање неговата когнитивна состојба. Особени по најавите дека ќе се кандидира на претседателските избори во 2024 година.
Лекарите кон крајот на мај го прогласија Бајден „здрав, силен 80-годишен маж“ и „способен за извршување на должност“ по прегледот со кој му се отстранети лезиите на градниот кош, а утврдено е и дека нема последици од долготрајниот ковид-19 откако минатата година беше позитивен на коронавирусот.