СВР Скопје поднесен кривична пријава против М.С.(31) од Демир Капија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“ по член 258 од Кривичниот законик. Таа се сомничи дека во повеќе наврати упатила закани кон Г.Р.(45) од Скопје и од него изнудила да ѝ исплати над 60.000 денари.
М.С. била лишена од слобода и во координација со јавен обвинител против неа е поднесена пријавата, додека од судија на претходна постапка ѝ била определена мерка притвор во траење од 30 дена.