Српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ вели дека покрај дронови, Косовците како донација од Турција добија и други системи – хаубици, мино фрлачи, многу моќен противтенковски систем, офанзивни системи.
Вели дека нема спиење и следат што се случува на Косово.
„Праќаат свои офицери и подофицери на обука во разни земји од НАТО-пактот, имаат и заеднички вежби“, изјави Вучевиќ за „ТВ Прва“.
Министерот рече дека зачувувањето на мирот и стабилноста е национален интерес на Србија.
„Внимателно набљудуваме што се случува во нашиот двор и што може да ја запали целата куќа“, нагласи Вучевиќ.
Кажа дека оружјето на Приштина не може да се спореди со воениот потенцијал на српските вооружени сили (САФ), но тоа се јасни показатели дека тие имаат стратегија за развој на армијата.
Инаку, КФОР го опомена косовските власти дека само со нивна дозвола можат да ги употребуваат дроновите Бајрактар.
Србија преку дипломатски канали реагирала до Турција затоа што таа го вооружува Косово.
фото Фејсбук / Милош Вучевиќ